Во Скопје казни за 56 возачи на мотоцикли
Контролирани се повеќе од 115 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 56 возачи во текот на вчерашниот ден од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамки на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје.
Како што денеска соопштија од МВР, во реализираната зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, од вкупниот број санкционирани, 17 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, девет возачи возеле без возачка дозвола, 11 возачи имале несоодветна категорија, четири мотоцикли не биле регистрирани, три возачи не носеле со себе сообраќајна дозвола, еден возач бил под дејство на алкохол, еден не застанал на даден знак СТОП...
Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет.
Ново на Сител
-
Студено наутро, во текот на денот сончево со умерена облачност
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години