-->
-->
Во Скопје изречени 191 санкции, 58 за брзо возење, 26 за управување под дејство на алкохол
-->
Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила.
Како што соопшти МВР, изречени се и четири мерки за возач почетник, пет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за управување под дејство на алкохол.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД