Во Скопје изменет сообраќаен режим поради „Скопје трча 10К 2019“
Во Скопје денеска од 8 до 11:30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка „Скопје трча 10К 2019“, и тоа трка на 10 км и штафетна трка 2 х 5 км.
Притоа, предвидената траса на движење е од бул.„Илинден“ (во двете насоки), крстосницата со ул. „Наум Наумовски Борче“ (фонтана Градски парк) до крстосницата со ул.„Никола Парапунов“, потоа лево по ул.„Никола Парапунов“, десно по бул.„Партизански Одреди“ до крстосницата со ул.„Ангел Динев“ (мост Влајко), полукружно назад по бул.„Партизански одреди“ (во насока кон „Сити Мол“) до крстосницата со ул.„Љубљанска“, па полукружно назад по бул.„Партизански одреди“, десно по ул.„Никола Парапунов“ и десно по бул.„Илинден“ до целта (фонтана Градски парк).
Како што соопшти МВР, од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.
Ново на Сител
-
За вечерва закажан голем стуентски протест во Нови Сад
-
ЦУК: Осум пожари на отворено - седум изгаснати, еден под контрола
-
Продолжува судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози
-
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
-
ОДИХР почнува со следење на локалните избори
-
УНИЦЕФ: „Незамисливото“ во градот Газа веќе се случува
-
Трамп најави разговори со Путин во блиска иднина
-
Судењето за „Штекли“ продолжува со сведочење на вешти лица за психолошката состојба на Раде Трајковски