Во Скопје денеска изменет сообраќаен режим
Поради најавен протест денеска од 15 часот до завршување, во централното подрачје на град Скопје, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим, информираат од СВР Скопје.
– Затворени за сообраќај од 15:00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: ул. „Кирил и Методиј“, бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“, ул.„11-ти Октомври“, ул.„Македонија“ и ул.„Даме Груев“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по бул.„Кочо Рацин“, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, бул.„Партизански Одреди“, ул.„Павел Шатев“, ул.„Антон Попов“ и други околни сообраќајници, информираат од МВР.
Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Протестот, како што информираат од СВР Скопје, е најавен и треба да почне во 17:00 часот пред зградата на ЕУ на бул.„Климент Охридски“ и ќе продолжи по бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“ до пред Собрание на Република Македонија.
Ново на Сител
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
