Во Скопје 218 сообраќајни прекршоци, 57 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 44 мерки за недавање предност на пешаци, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возач почетник, шест мерки за возење под дејство на алкохол, 57 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленковиќ во Охрид, ќе бидат потпишани договори за стратешка соработка
-

Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници
-

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЦУК и УХМР
-

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ
-

Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
