Македонија
9. August 2021 - 9:38

Во Скопје 208 сообраќајни санкции, 74 за брзо возење

Во рамки на вчерашните засилени полициски контроли, на територијата на град Скопје се изречени 208 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, а 21 за возење под дејство на алкохол.

Според МВР, изречени се и три мерки за користење мобилен телефон, седум за нерегистрирани возила, 54 за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли…

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.