Во Скопје 20 сообраќајки - 8 лица повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 20 сообраќајни незгоди.
Од нив, 11 се со последица материјална штета и осум се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, еден возач на товарно моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден велосипедист.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 16 часот и 40 минути на улицата „Благоја Стевковски“ во која учествувале патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.
Вчера од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, како и двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 70 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани