Во Скопје 177 сообраќајни прекршоци, 23 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на град Скопје се изречени 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции.
Во денешното соопштение МВР наведува дека 15 санкции се за возење без возачка дозвола, по две за возач почетник, и за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила, 16 за прекршоци што ги чинат пешаците, две за минување на црвено светло, 35 за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, 49 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР
Ново на Сител
-

Две иницијативи стигнаа до Уставен за оспорување на проектот „Безбеден град’
-

Две монтажни гаражи со 500 нови паркинг места добива Клиничкиот центар – Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Блокирани сите гранични премини
-

Тензично стартуваше денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Превозниците ги блокираат граничните премини, бараат промена на правилата за влез во ЕУ
-

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на кипарското претседавање
-

Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами даде свечена изјава
