Во Сисак во моментот на земјотресот жена се пораѓала во болница, бебето е повредено

Директорот на болницата во Сисак им изјавил на новинарите дека во моментот на земјотресот се пораѓала жена.
„Мајката и бебето се добро, сè помина добро“, изјавил директорот Томислав Дујменовиќ.
Бебето е во инкубаторот, зашто било повредено. Новинар поставил прашање во врска со тоа, но Дујменовиќ засега не знаел за што станува збор.
Дујменовиќ претходно за ХРТ изјави дека штетите на болницата предизвикани од насилниот земјотрес се огромни:
„Целата единица за интерна медицина, Одделот за интензивна нега, хирургија, гинекологија, се срушени. Може да се каже дека останува само новата зграда. Сите пациенти ги преместуваме во новата зграда. Поголемиот дел од урнатиот дел веќе не е за употреба.
Пациентите ќе бидат пренесени и во други болници, а некои ќе бидат пренесени со хеликоптери, јавуваат медиумите во Хрватска.
Ново на Сител
-

Груевска Илиевска: Без ред нема судење, сите обвинети имаат право на бранители
-

Утре слаби врнежи од дожд во пониските места, снег на планините
-

Вучиќ: Оваа година одиме на избори
-

Акциска контрола во Скопје: Констатирани 37 сообраќајни прекршоци, одземен е еден мотоцикл
-

Момче починало во кавадаречко Возарци, телото на обдукција
-

Наунов: Го почитуваме значењето на адвокатурата, затоа очекуваме професионалност и почит кон болката и траумата на семејствата
-

Зголемено нивото на повеќе реки
-

Стопанска комора: Блокадите на граничните премини не се решение, ќе го нарушат протокот на стоки и снабдувањето
