Во Штутгарт повредени неколку полицајци во улични немири
Неколку германските полицајци се повредени во текот на ноќта во улично насилство што избувна во германскиот град Штутгарт, потврди полицијата рано утрово.
„Ситуацијата беше целосно надвор од контрола“, рече портпаролот на полицијата. Не е јасно каква е позадината на немирите. Кон полицајците било фрлано со камења користени за поплочување на улиците, а биле уништените и излозите во центарот на градот.
Во насилството кое се случило околу полноќ, учествувале стотина лица, кои ограбиле повеќе продавници во областа Шлосплатца. Меѓу повредените има и полицајци, но засега нема официјална бројка на приведени лица.
Полицијата побара помош од сите расположиви специјални сили во регионот Баден-Вуертемберг.
Портпаролот на полицијата потврдил дека по неколку часа, ситуација била ставена под контрола, како и дека полициските сили ќе останат во центарот на градот.
Изминатите неколку викенди во оваа област имаше судири со полицијата, но во помал обем.
Ново на Сител
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
