Во Штрпце вчера одржан протест поради вооружениот напад врз две момчиња
Неколку илјади луѓе вчера протестираа во Штрпце поради ранувањето на две момчиња со огнено оружје, јави БЕТА.
Врз двете момчиња на 11 и на 21 година во петокот беше пукано од возило во движење. Напаѓачот, припадник на косовските безбедносни сили подоцна беше уапсен.
На протестот присуствуваа и Срби од другите делови на Косово, како и политички лидери на Србите во Косово, претставници на Српската листа, како и претседателите на српски општини.
Претседателот на општина Штрпце и потпретседател на Српската листа, Далибор Јевтиќ изјави дека Србите денеска се собрале на протестот, бидејќи биле принудени да страдаат.
Тој додаде дека политиката во Приштина доведе до тоа поединци да мислат дека можат слободно да пукаат во српски деца.
Јевтиќ и порача на меѓународната заедница дека е време да се „вразуми“ косовскиот премиер Албин Курти.
На приодот кон Штрпац беа присутни неколку патроли на косовската полиција и на КФОР.
Ново на Сител
-

Кривични против сопствениците и управителите на две фирми, незаконски се стекнале со над 50 милиони денари
-

ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
-

Приведен 43 годишен скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско
-

ДЗС апелира до граѓаните пронајдените неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните
-

Трамп го нападна Сенатот поради изгласаната резолуција против продолжувањето на војната против Иран
-

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
