Во штипскиот регион последните денови секој втор од тестирани е позитивен на коронавирусот
Во штипскиот регион бројката на активни случаи со коронавирусот е над 200. Директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека бројката на активни случаи не е висока во споредба со одредени градови во земјава.
Но, нивните анализи покажуваат дека изминатите три до четири дена 50 отсто од тестирани се позитивни на вирусот. Во штипскиот пункт дневно се тестираат околу 40 граѓани, според ова секој втор тестиран е позитивен на коронавирсот.
Податоците покажуваат дека најголем број од заразените се над 60 години, а имаат спорадични случаи од помладата популација.
Портпаролот на Клиничка болница во Штип, Марина Шуманска во здравствениот билтен информира дека во Инфективното одделение хоспитализирани се 50 пациенти, а на Кожното одделение со полесна клиничка слика се шестмина пациенти. Во дневната амбуланта прегледани се 34, а едно лице од Свети Николе на возраст од 59 години ја загуби битката со вирусот.
Ново на Сител
-

Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
-

Во угостителски објект во Свети Николе затекнати 26 малолетници после 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол
-

Германски научници открија антитело против ХИВ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче направи хаос па сега изигрува жртва
-

Истрагата за пожарот во Хонг Конг откри небезбедна мрежа на градилиште, уапсени 11 лица
-

Во прекин сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна поради протест на земјоделци
-

Повреден возач во сообраќајна несреќа во Куманово
-

Државниот пазарен инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти пред празниците
