Во штипскиот Основен суд на 27 ноември почнува судењето за убиството на турскиот државјанин

Судењето за убиството на турскиот државјанин во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип почнува на 27 ноември во Основниот суд во Штип. Судијата Јулијана Недкова е назначена за овој предмет, во којшто се опфатени пет лица, од кои еден е обвинет за сторено кривично дело убиство и за кривично дело неовластено држење на оружје и експлозивни материјали, а четири лица се за кривично дело помагачи при извршување на убиството.
Основното јавно обвинителство-Штип на 4 октомври 2025 година објави дека првообвинетиот 21- годишник без регулиран престој во државава, на почетокот на мај од непознато лице во Скопје, неовластено купил полуавтоматско огнено оружје –пиштол марка „FEG” , калибар 9 мм, со избришани податоци за модел и сериски број.
Преку мобилни апликации се договорил со оштетениот на 8 мај да се сретнат во кафе бар во центарот на Штип, седнале на една од масите во аголот од летната тераса на кафе барот и разговарале околу 15 минути. Во еден момент обвинетиот отишол до тоалетот и веднаш се вратил, го извадил пиштолот и започнал да пука кон оштетениот, нанесувајќи му шест огнострелни повреди од кои починал.
-Тројца обвинети, иако знаеле и биле свесни за неговите намери да го лиши од живот оштетениот, му обезбедиле логистичка поддршка за извршување на делото. Кога првообвинетиот пристигнал во Скопје, на 30.04 му обезбедиле сместување во станот кој и тие го користеле подолг временски период претходно, а му помогнале и преку засега непознати лица да го набави пиштолот. На денот на убиството, со возило на еден од обвинетите, заедно го превезле до Штип. По извршување на убиството, со цел да не бидат откриени, ја повикале и петтата обвинета да ги превезе со друг автомобил во нејзина сопственост, па сите заедно се упатиле кон Скопје, се вели во соопштението од ОЈО Штип.
Во него се посочува и дека кога пристигнале пред наплатната рампа за патарина „Миладиновци“ и кога забележале дека на патарината е поставено полициско возило кое врши контрола, обвинетата иако знаела дека првообвинетиот е извршител на убиство и по него се трага, се обидела да му помогне да не биде откриен и фатен.
Таа го запрела возилото на околу триста метри пред патарината, овозможувајќи му на директниот извршител да излезе и да почне да бега надвор од коловозот, покрај автопатот, каде подоцна бил пронајден и уапсен.
Останатите продолжиле да се движат со возилото кон патарината и биле запрени од полициските службеници, кои започнале да ги легитимираат и да вршат преглед над возилото. Иако се обиделе да се дадат во бегство, сепак за кратко време биле фатени и лишени од слобода.
МИА
Ново на Сител
-

АХВ дел од одбележувањето на Светската недела за свеста за антибиотиците
-

Груевска-Илиевска: Судечкиот совет ќе направи се постапката за „Пулс“ да тече, колку ќе трае процесот никој не знае
-

Кривични пријави за Мерко и четири други лица за уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга
-

Во Албанија невремето предивика големи проблеми
-

Се излеа хемиска пена на булевар во Скопје, градоначалникот Ѓорѓиевски тврди дека сторителот е идентификуван
-

Судот донесе одлука за спојување на постапките за пожарот во Кочани и за агенцијата „Рубикон“ што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“
-

Инспекцијата одзеде куче држано во крајно нехумани и незаконски услови, предадено под надзор на ЈП „Лајка“
-

Зеленски во Турција: Ќе се разговара за начини за ставање крај на војната во Украина
