Во штипската населба Стар Карорман се работи на фекална канализација

Штипското комунално претпријатие „Исар“ почна со доизградба на фекална канализација во приградската населба Стар Карорман. Овој проект чини 13 милиони денари Раководителот на работна единица Водовод и канализација во ЈП „Исар“, Бранко Горгиев вели дека во тек е и изградба на водоводна и канализациска мрежа и во една од индустриските зони.
- Екипите во Стар Карорман го довршуваат кракот 12 со комплет со приклучоци. Досега во Стар Карорман се изведени 4,5 километри на фекална канализација. Во наредните неколку денови ќе почнеме и со изведба на водовод и канализација во населба „Баби 6 “. Моментално се работи на изведба на водовод и канализација во новата индустриска зона „ПИ Македонка“, каде што активностите се во тек, вели Горгиев.
Во тек е и замената на стари со нови дигитални водомери во домаќинствата. Според Горгиев, досега се заменети 6.000 водемри или е завршено 50 отсто од работата на терен. Екипите деновиве работат во штипските населби „8 ми Ноември“ и „Кадидаре“.
Горгиев истакна дека измантиов период имаат и поголем број интервенции на фекалната канализација, која се затнува поради фрлање на влажни марамици и други предмети.
Ново на Сител
-   
          

Локални избори 2025
 -   
          

Преглед на вестите од светот
 -   
          

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
 -   
          

Изборен молк
 -   
          

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
 -   
          

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
 -   
          

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
 -   
          

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
 
