Во штипската населба „Шардаван Баши“ се реконструира водоводна и канализациона мрежа
Почна реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа во штипската населба „Шардаван Баши“, каде што денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните работи.
Во населбата се реконструираат 120 метри водоводна и 120 метри канализациона мрежа.
- Денеска се наоѓаме во населбата „Шардаван Баши“ каде што ЈП „Исар“ моментално работи на поставување нова канализациона линија и нова водоводна линија за дваесетина семејства коишто имаа огромен проблем и со водоснабдувањето и со канализацијата. Ова место го посетивме уште во предизборната кампања кога заклучивме дека навистина тука условите за живот на граѓаните се многу тешки, вели Бочварски.
Инвестиционата вредност на проектот е 276.000 денари, а средства се обезбедени од буџетот на Општина Штип и од ЈП „Исар“.
По завршувањето на водоводната и канализационата мрежа, екипите на Јавното претпријатие „Стипион“ ќе продолжат со бетонирање на 120 метри улица што ќе чини 520.000 денари.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари