Македонија
23. September 2024 - 12:16

Во Штипската клиничка болница ќе се отвори Ургентен центар за тријажа на пациентите од источниот регион

Со формирање на работна единица во која ќе се фузираат тимовите од Брзата помош и болницата, штипска Клиничка ќе добие ургентен центар. Во него лекарите и медицинскиот персонал ќе им укажуваат здравствени услуги на пациентите од целиот источен регион.

-Во тој центар ќе ординираат и специјализантите кои ќе работат во Клиничка болница. Очекуваме дека ќе има доволно вработени кои ќе го опслужуват целиот регион„ изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

Ургентниот центар во Штип, ќе работи 24 часа, секој ден во неделата. Ќе ги покрива сите  итни состојби кај децата и возрасните. Побрзо ќе се поставува дијагностика, а ќе се подобри и функционалноста, односно контактот меѓу здравствените тимови од регионот, додава Захариев.

-Во моментот влез во Клиничка болница Штип се сите специјалности во Мој термин. Со ова, тријажата во нашата болница ја вршат другите установи. На пример, доктор специјалист во Кочани, одлучува кој пациент каде треба да оди во Клиничка болница штип. Функционалното подобрување на ургентниот центар ќе биде тоа што влезна врата во клиничка болница ке биде во ургентниот центар, каде нашите вработени ќе вршат тријажа на пациентите за да добијат побрза и понавремена  изјави д-р Владко Захариев.

Отворањето на Ургентен центар е долгогодишна идеја, но не можеше да се реализира поради недостатокот од кадар. Според најаваите од ресорното министерство до крајот на годината во болницата ќе се вработат 30 –тина лекари и помошен медицински персонал.