Во штипската библиотека се славеше Кинеската Нова година
Студентите од Факултетот за меѓународни студии и Институтот за јазици од универзитетот Хебие од Република Кина денеска во штипската библиотека организираа Мултимедијален перфоманс во чест на Кинеската Нова година.
Студентите од Кина кои се дел од програмата за размена на студенти, веќе два месеца го учат македонскиот јазик на Филолошкиот факултети на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Пеејќи традиционални кинески песни и преку презентација, студентите од Кина, ја промовираа својата култура, со што изразија и благодарност за гостпримливоста на македонскиот народ.
- Јас сум импресионирана од македонскиот народ и морам да кажам дека навистина Македонија е убава земја, како што е и градот Штип, рече Лиу Јанг студент од универзитетот Хебие, Р.Кина.
Деканот на Филиолошкиот факултет при УГД-Штип, Драгана Кузмановска посочи дека студентите од Кина заедно со нивните колеги од штипскиот универзитет денеска заеднички ја прославија Месечевата кинеска Нова година.
- Студентите од Кина на нашиот факултет престојуваат веќе неколку месеци со цел да го изучат македонскиот јазик. Во текот на овој семестар тие го совладаа македонскиот јазик на ниво А1, а се надевам дека во вториот семестар ќе го совладата нашиот јазик на ниво А2, рече Кузмановска
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден