Во Штип Совети на млади од пет општини креираат заедничка Програма за работа
Во Штип денеска членови на Советите на млади на општините Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Велес заеднички правеа планови и Програма за идни проекти кои што заеднички ќе ги раелизираат не само на локално, туку и на државно ниво.
Претседателката на Советот на млади во Општина Штип, Сања Стефанова вели дека денешниов заеднички состанок на младите од неколку општини во земјава ќе биде пример и за останатите Совети на млади и тие да се вклучат во креирањето на заедничката Програма за реализација на проекти.
- Се надевам дека со помош на институциите ќе добиеме проекти за работа, бидејќи нашите амбиции не се само да останат на државно ниво, туку да се вмрежиме со вакви младински организации во целиот регион и во Европа. Еве јас најавив дека Советот на млади на Општина Штип оваа година аплицираше на три проекти од Еразмус плус програмата и се надеваме на позитивен исход на нашите апликации. Со овие проекти очекуваме гости од Шпанија, Финска да дојдат во нашата општина и да го реализираме тој проект, рече Стефанова.
Филип Спироковски претседател на Совет на млади на Општина Велес вели дека како вакво тело постојат веќе десет месеци, а денешнава заедничка средба на која се прави заедничка програма на Советите на млади на општините се разгледуваат и идеи за аплицирање на проекти преку Еразмус плус програмата во кои би ги опфатиле пред се средношколците, бидејќи тие се кои треба да ја движат работата на Советите на млади.
Ново на Сител
-
Возач и сопатничка починале на лице место откако со „ауди“ излетале од патот
-
Мотоцикл удрил во 79-годишен велосипедист во струшко
-
Судењето за Раде Штекли одложено, одбраната вели страда од растројство и има халуцинации и параноидни идеи
-
Делчевчанец и се заканувал на поранешната сопруга и пишувал вулгарни пораки на својата малолетната ќерка
-
Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари кој две жени се обиделе да го шверцуваат на Богородица | ФОТО
-
Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите
-
Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
-
Аква паркот кај „Борис Трајковски“ затворен поради истечена гаранција на реквизити и економска неисплатливост