Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија од Клиничка болница-Штип. Во болницата е донесен без знаци на живот, со неколку прострелни рани. Лекарите пробувале да го реанимираат, но обидите биле несупешни. Лицето кое синоќа пукало во починатиот Е.О е во бегство. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип соопштија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.
- Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани. Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор, се вели во соопштението на ОЈО-Штип.
Посочуваат дека се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска.
Јавниот обвинител во текот на ноќта издаваше повеќе насоки и наредби за пронаоѓање на сторителот кој е во бегство.
На социјалните медиуми после полноќ се појавија и видеа на кои се гледа дека возило ја пробива рампата на едната од патарините на автопатот Штип-Скопје. Инцидентот во СВР-Штип е пријавен во 21.30 часот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
