Во Штип се чистат коритата на реките

Градежната механизација интензивно го чисти коритото на реката Брегалница, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, кој денеска на лице место направи и увид на активностите.
За да не се повторат поплавите од февруари Владата и општината направија акциски план за чистење на реките. По спроведените тендерски постапки, чистењето е интензивно и се прави според сите страндарди. Захариев се надева дека чистењето на коритото на реката Брегалница од населбата Ново Село до четвртиот километар ќе заврши до Нова година.
- На улицата „Димитар Влахов“, ЈП Стипион е задолжено да ги среди сите решетки и шахти, при што се направија и пропусти кон реката Брегалница за да нема поплави и враќање на водата на улицата. Сите овие активности, ќе продолжат и во реката Лакавица, каде има исчистен дел, и потоа продолжуваме кај премините кај село Пухче, на 11,13 и 14 километар за да се минимизираат можни штети. Ваква активност се презема по 70 години, значи 70 години реката не беше исчистена, ниту пак Лакавичка река. Исчистивме дури и 300 метри кај Врсаковска река што значи дека акцискиот план нам ни е завршен, рече Захариев.
Штипскиот градоначалник нагласи дека во моментов се работи и на улицата „Вардарска“, потоа се уредува корито на реката Отиња, а наредните денови ќе продолжат и со реализација на три големи проекти, изградба на улици во населбите Света Недела и Дузлачки рид, потоа асфалтирање на пат до селото Суво Грло и поврзување на селата Врсаково со Долно Трогерци.
Ново на Сител
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
