Во Штип се чествува 92 години од раѓањето на Ацо Шопов

Општина Штип и Домот на млади денеска организираа натпревар за талентираните ученици од основните и средни училишта во рецитирање и творење на поезија. Портпаролот на Општина Штип, Милена Ристова-Михајловска истакна дека веќе петта година по ред ја организираат оваа манифестација во која учествуваат учениците од основните и средни училишта.
- Она што е специфично според мене за поезијата на Ацо Шопов е тоа дека секој поглед или секој контакт со таа лирика, поезија, истовремено претставува и предзивик. Меѓутоа дава и едно сознание дека со таа поезија е се кажано. Во секој случај денешните критичари интерпретатори, критичари и рецензенти го прифаќаат тој предизвик, вели Ристова-Михајловска.
Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев во своето обраќање пред младите поети од Општина Штип истакна дека треба да се негува традицијата и да се говори за големиот поет Ацо Шопов, кој со неговото творештво остави белег не само за градот Штип и за Македонија, туку неговото име е познато и во светски рамки.
Розета Петрова ученичка во СОУ „Јане Сандански“ која ја доби наградата за најдобра литературна творба во категоријата од средните училишта вели дека на секој млад човек инспирација за пишување им се делата на македонските поети.
- Јас напишав песна за Рацин, за неостварената љубов на Рацин. Пресреќна сум што ја имам добиено наградата. Секој организиран натпревар е добредојден и силно прифатен од страна на оние кои што пишуваат. Досега сум учествувала на повеќе натпревари и сум задоволна од постигнатите резултати, вели Петрова.
Општина Штип утре ќе положи букет цвеќе на гробот на Ацо Шопов во Скопје.
Ново на Сител
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
