Во Штип работилница за идните занаетчии

Работилница за идните занаетчии се одржа денеска во Штип во организација на штипската Регионална занаетчиска комора, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“.
Претседателот на Регионална занаетчиска комора - Штип, Венцо Крстев рече дека целта на работилницата е на средношколците и на студентите да им се презентира дека не е тешко и ризично да се започне со сопствен бизнис или занаетчиска работилница.
Според него младите занаетчии не треба да стравуваат за својата иднина, зашто денес за разлика од пред 15 години постојат многу подобри услови за отпочнување на сопствен бизнис, а за што и владините институции даваат и одлична финансиска подршка.
- Во последно време се повеќе и повеќе се јавуваат овие млади луѓе кај нас во Регионалната занаетчиска комора, да отворат свој бизнис, кои завршуваат во занаетчиски училишта, а имаме и многу преквалификации, односно лица кои се преквалификуват за да станат занаетчии. Во моментов имаме регистрирано 200 занаетчии од штипскиот регион, а оваа бројка очекуваме да се зголемува, рече Крстев.
Зоран Трајков, сопственик на фирма за монтажа на сончеви колектори во Штип во рамки на работилницата на средношколците и студентите им ги презентираше бенефициите за отпочнување на сопствен бизнис. Тој истакна дека примарен проблем е што младите немаат доволно информации за бенефициите кои ги стекнуваат како занаетчии, а исто така треба да се надмине и мислењето дека занаетчиството е непрофитабилно.
- Владата на идните занаетчии им дава помош од 3.000 до 5.000 евра да започнат соствен бизнис, им дава помош околу книговодствени услуги, им се дава помош околу користење на простор. Еве во Штип го има просторот во Туртел. Значи постојат многу можности, само тие информации треба да допрат до младите, рече Трајков.
Тој додаде дека сеуште како едни од најпрофитабилните занимања во штипскиот регион се сметаат: водоинсталатерството, монтажерите на парни системи, сончеви колектори, клима уреди, технички услуги и консалтинг, а месечните примања неретко се и над 30.000 денари.
Ново на Сител
-

Вишото јавно обвинителство наложи продолжување на истрагата против Капушевски и Јахоски за случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра
-

3.000 евра казна за Србинот кој двапати возел над 160 км/ч кај Демир Капија
-

Одличен настап на најмладите македонски кикбоксери во Унгарија – злато за Чавков, сребро за Илиев
-

Осум месеци зад решетки: Мадуро насмеан позира со знак за мир
-

Четири злата и едно сребро за Македонија – македонските кикбоксери со голем успех на Светскиот куп
-

Во Штип почнува да се нормализира водоснабдувањето
-

ЦУК: Активни седум пожари на отворен простор, изгаснати 16 во изминатото деноноќие
-

Во поплавите во Непал и Кина загинаа над 900 луѓе
