Во Штип почнаа дебатите за буџетот за 2019 година

Почнаа јавните дебати за буџетот на Општина Штип за 2019 година. Градоначалникот, Благој Бочварски и директорите на јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“ оставруваат средби со претставниците на урбаните заедници. Новиот буџет за Општина Штип е проектиран на 5.600.000 евра. Бочварски вели дека буџетот е кроен согласно новите закони, со цел општините да не трупаат долгови.
–Според новиот Закон, буџетите треба да бидат најмногу 10 отсто од реализацијата во последните три години, што на примерот на Штип значи за 2019 година буџет од 350-360 милиони, вели Бочварски.
Приоритетни проекти за Општина Штип се изградбата на обиколницата од населбата Сењак до булеварот „Гоце Делчев“ и кружен тек и целосна реконструкција на улицата „Панче Караѓозов“.
Откако ќе завршат јавните расправи со граѓаните од урбаните заедници, градоначалникот Бочварски ќе соопшти и кои други проекти ќе бидат реализирани наредната година.
Ново на Сител
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
