Во Штип ќе се гради мост на Брегалница и обиколница
Општина Штип ќе го реализира капиталниот проект за оваа година, изградба на мост на река Брегалница и обиколница кон индустрискиот дел на градот.
Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов денеска информираше дека тендерската постапка за проектот завршува на 9-ти месецов.
- Мостот и пристапните сообраќајници ќе поврзат два дела на градот, индустрискиот и долниот дел на населбата „Сењак“, со што ќе се овозможи олеснување на сообраќајот и еден вид помала обиколница на дел од периферијата на градот. Ваквото решение се наметна само посебе заради преоптевареност на самата сообраќајница, булеварот „Гоце Делчев“ во текот на утринските и попладневните часови, рече Ристов.
Според проектот, мостот на Брегалница ќе биде долг 56 метри, а широк седум метри. Ќе биде поврзан со пристапни сообраќајници од околу 200 метри од двете страни. Новата обиколница ќе излегува кај поранешната фабрика Алумина и кај старото Нервно одделение во Штип. Според проценките, овој проект се очекува да чини околу милион евра , а е предвидено да заврши за шест месеци.
Ново на Сител
-
Агенцијата за храна на ОН предупреди дека намалувањето на финансирањето е „смртна казна“ за милиони
-
Активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово - Попова Шапка
-
Собранието ќе ја одржи новата 43. седница
-
Нема да има реконструкција на Влада пред локалните избори, уверува премиерот, превирања во коалицијата „Вреди“
-
Прва седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата
-
Пленковиќ: ЕУ и Хрватска нема да воведат санкции за претставниците на Република Српска
-
Трамп: Русите ја бомбардираат Украина како луди
-
Штрајк на новинарите во Грција