Во Шпанија запленети 5,6 тони кокаин

Шпанската полиција денеска соопшти дека во пристаништето Валенсија запленила 5,6 тони кокаин во вредност од над 340 милиони евра, што е рекордна количина на запленети опијати во последните четири години.
Полицијата открила кокаин во бродски контејнер кој бил испратен од Јужна Америка до пристаниште во Медитеранот, едно од најголемите во Европа, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Портпаролот на полицијата рече дека засега нема уапсени и дека истрагата се уште е во тек, но не сподели информации за времето на операцијата ниту од која земја дошол контејнерот.
Објавата за заплената уследи два дена откако Европол објави информации за разбивање на „супер картел“ кој контролира околу една третина од трговијата со кокаин во Европа, од страна на властите на шест земји, меѓу кои и Шпанија. Шпанската цивилна гарда соопшти дека во рамките на оваа заедничка операција во Шпанија биле уапсени 13 лица. Картелот пренесувал кокаин од Панама во Шпанија преку медитеранските пристаништа Алгесирас, Барселона и Валенсија.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
