Во Шпанија во прекин телефонската комуникација поради дефект

Во Шпанија денеска неколку часа беа нарушени телефонските комуникации и интернет врските поради дефект на шпанскиот телекомуникациски оператор „Телефоника“ (Telefonica), што предизвика и проблеми при повикување на итните служби во повеќе региони.
– Работите на модернизацијата на мрежата влијаеја на фиксните комуникациски услуги (фиксни телефони и интернет) во некои компании. Службите за итни случаи, до кои се доаѓа со повик на 112 и кои беа погодени од овој дефект во неколку шпански области веќе можат повторно да бидат контактирани, се наведува во соопштението на „Телефоника“
Во Шпанија на 28 април имаше голем дефект во електричната мрежа, поради што земјата, но и Португалија останаа без електрична енергија неколку часа. Властите сè уште не ги утврдиле точните причини за колапсот на електричниот систем во двете земји.
Ново на Сител
-

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува реизбор на Мицкоски
-

Без вода денеска дел од Пинтија
-

Најмногу дожд во Маврови Анови
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
