Во Шпанија спасени 24 мигранти, по 53 сè уште се трага
Шпанската морнарица соопшти денеска дека спасила 24 мигранти во близина на Канарските Острови, северозападно од брегот на Африка, а сè уште се трага по 53 лица кои веќе два дена се водат како исчезнати.
Во потрагата учествува и авион, меѓутоа се соочуваат со проблеми поради лошите временски услови.
Меѓу спасените мигранти имало девет жени и едно новороденче, кои се префрлени на островот Гранд Канарија.
Шпанските власти првично започнаа потрага за околу 140 исчезнати мигранти, кои пловеле во пет чамци, но потоа потрагата е намалена на два чамца со 26, односно 27 мигранти.
Во периодот од 1 јануари до 15 февруари повеќе од илјада мигранти пристигнаа на Канарските Острови, што е неспоредливо повеќе отколку во истиот период минатата година, кога пристигнале само 66.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?