Во Шпанија спасени 24 мигранти, по 53 сè уште се трага
Шпанската морнарица соопшти денеска дека спасила 24 мигранти во близина на Канарските Острови, северозападно од брегот на Африка, а сè уште се трага по 53 лица кои веќе два дена се водат како исчезнати.
Во потрагата учествува и авион, меѓутоа се соочуваат со проблеми поради лошите временски услови.
Меѓу спасените мигранти имало девет жени и едно новороденче, кои се префрлени на островот Гранд Канарија.
Шпанските власти првично започнаа потрага за околу 140 исчезнати мигранти, кои пловеле во пет чамци, но потоа потрагата е намалена на два чамца со 26, односно 27 мигранти.
Во периодот од 1 јануари до 15 февруари повеќе од илјада мигранти пристигнаа на Канарските Острови, што е неспоредливо повеќе отколку во истиот период минатата година, кога пристигнале само 66.
Ново на Сител
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација
-
Приведени три лица од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол
-
Во Скопје утре авионска дезинсекција против комарци
-
Трајков: Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети, Унијата од нас очекува конкретни резултати