Свет
31. July 2019 - 13:54

Во Шпанија отежнат железничкиот сообраќај поради штрајк

Повеќе од 700 патнички возови денеска не сообраќаат поради штрајк на вработените во шпанскиот железнички оператор „Ренфе“.

Штрајкот е организиран од Генералната конфедерација на трудот (ЦГТ). Шпанските власти побараа од „Ренфе“ и покрај штрајкот да одржат минимално ниво на услуги.

Синдикатот бара да не се намалува бројот на вработени. Во „Ренфе“ во моментот работат 14.000 лица.

ЦГТ најави штрајкови и на 14 и 31 август и на 1 септември.