Свет
20. јуни 2016 - 8:31

Во северна Сирија убиени 23 припадници на ИД

Дваесет и три борци на Исламска држава во северниот дел на Сирија загинаа при напад од турска територија и во воздушни напади на меѓународната коалиција, објави денеска турската телевизија „Хабертурк“.

Мета на операцијата биле 33 цели, а акцијата е изведена бидејќи постоел сомнеж дека припадниците на ИД планираат напад врз Турција.