Живот
13. November 2023 - 14:50

Во септември земјава ја посетиле 90 илјади странски туристи

Во земјава во септември годинава се евидентирани 124 800 туристи, од кои 34 769 (27.9 %) се домашни, а 90 031 (72.1 %) се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во септември 2023 година изнесува 256 831, од кои 34.3 % се од домашните, а 65.7 % од странските туристи.

Во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 21.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0.5 %, а кај странските за 40.3 %.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10.2 %, и тоа кај домашните туристи за 1.5 %, а кај странските за 24.7 %.