Во септември во Албанија ќе пристигнат хеликоптери Блек хок, ќе се гради посебен хангар за нив
Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши информираше дека во септември ќе пристигнат двата средно-двомоторни хеликоптери Sikorsky UH-60 Black Hawk од САД.
– Овие хеликоптери ќе бидат сместени во воздухопловната база Фарка. За таа цел ќе биде изграден нов хангар за што се предвидени средства од 407 милиони леки или околу 3,5 милиони евра. Техничките детали за дизајнот се дадени во документите што ја придружуваат тендерската постапка, рече Пелеши.
Повеќенаменскиот хеликоптер „Блек Хок” е во служба на армијата на САД и вооружените сили на 34 други земји ширум светот.
– Повеќе од 4.000 „Блек хок“ авиони од сите типови се во употреба денес ширум светот. Војската на САД е најголемиот оператор со 2.135 доделени авиони H-60. Истиот авион продаден на меѓународно ниво директно од Сикорски ја добива ознаката С-70, наведува весникот „Монитор”.
Претходно министерот Пелеши најави дека земјата ќе ја вооружува својата војска со системи за воздушна одбрана со краток дострел Raytheon FIM-92 Stinger (Shorad) и противтенковски ракетни системи Raytheon/Lockheed Martin FGM-148 Javelin.
Албанија веќе има потпишано договор за набавка од Турција на првите три беспилотни летала „Бајрактар” за што владата ќе потроши осум милиони евра.
Ново на Сител
-
Д-р Јован Божиновски нов директор на Клиниката за неврологија
-
Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори
-
ЕСМ: Од 15 октомври започнува грејната сезона во Скопје
-
Поевтинуваат горивата
-
Две години условна казна и 2.500 евра за Мерко за незаконско поставување директори во две училишта
-
Повторена пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки-13 осуден на пет години затвор
-
Почина Илија Темелковски - човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот
-
Кривична против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово