Во седиштето на ОН започна официјално 71-та седница на Генералното собрание
Во седиштетот на ОН во Њујорк се отвори официјално седумдесет и првата седница на Генералното собрание на организацијата, јави ТАСС.
Претседател на седницата е дипломатот од Фиџи, Питор Томсон.
На почетокот на седницата тој ги покани дипломатите од 193 земји членки на минута молк, посветен на молитви и размислувања.
Томсон беше избран за претседател на Генералното собрание на ОН во јуни, потсети ДПА. За време на неговиот мандат ќе биде избран новиот генерален секретар на ОН.
Се очекува тоа да се случи во октомври, откако Советот за безбедност при ОН ќе го избере најсоодветниот меѓу номинираните и ќе го препорача на Генералното собрание за да го утврди изборот.
Отворањето на 71-та седница на Генералното собрание на ОН се случи малку откако во седиштето на ОН се одржа официјалното отворање на јубилејната 70-та седница на Генералното собрание.
Политичките дебати во рамките на 71-та седница на државни и владини претставници од целиот свет започнуваат следната недела.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени