Во Сараево напладне антивладин протест
Во Сараево денеска се одржува нов протест, со почеток во 12:05 часот пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ.
Организаторите, меѓу другото, бараат да биде назначен нов состав на Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина, кој во рок од 14 дена ќе претстави јасен и спроводлив Акционен план за борба против пандемијата на коронавирус и управување со кризата.
„Иако навремено ги испративме нашите барања и ги доставивме до протоколот на сите министерства на Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина и понудивме три опции за да одговорат на нашето барање, ниту едно од споменатите нивоа не не испочитуваа со одговор, а не пак да се сретнат со граѓани кои ги поддржаа протестите и барањата на иницијативата Борба за живот“, соопшти неформалната група граѓани на групата.
Ново на Сител
-
Ленин Јовановски во Белград разговарал за донација на автобуси на Скопје
-
Шест нови лета од Скопје и Охрид
-
ССМ: Наместо граѓаните, корист од замрзнатите маржи имаа трговците
-
Преглед на вестите од светот
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии