-->
-->
Во самоубиствен напад загинаа најмалку 30 јеменски војници
-->
Најмалку 30 јеменски војници загинаа во денешниот самоубиствен напад во Аден, соопштија воени и болнички извори.
Во нападот голем број луѓе се повредени, а мета биле војниците кои се собрале да примат плата во воената база, која се наоѓа во североисточниот дел на градот.
- Напаѓачот изненадно се појави меѓу војниците во базата Ал-Солбан, изјави неименуван воен извор.
Инцидентот се случи осум дена по бомбашкиот напад во Аден, при што загинаа 48 војници, а 29 беа повредени. Одговорноста за тој напад го презеде Исламска држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино
-
Осум години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица
-
25 нови случаи на голема кашлица за една недела, тројца од нив се хоспитализирани
-
Спречен обид за шверц на патики, цигари и рачен алат
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 23 пожари на отворено, три сѐ уште активни
-
На српски туристи им се запалил автомобилот кај Гевгелија: „За 2 минути изгоре цел“
-
Запалил сува трева во двор по што пожарот се прошилил, приведен 54-годишник во прилепско
-
Биткоинот падна за 13% - Слободен пад на пазарот на криптовалути