Живот
17. March 2019 - 14:44

Во само неколку месеци – двајца мртви во популарното реално шоу

Дваесет и шестгодишниот Мајк Таласитис беше пронајден мртов во шума неделаку од неговиот дом во Есекс, Англија. Во 2017 година, тој беше дел од најпопуларното реално шоу во Британија, „Љубовен остров“.

Ова е втора смрт на учесник во шоуто последните година дена. Во јуни, мртва беше пронајдена и 32-годишната Софи Грејдон. Смртта на Грејдон, која беше дел од шоуто во 2016 година, сè уште е мистерија.

Колегите од шоуто денеска упатија пораки со сочувство до семејството на Таласитис. Полицијата ги истражува причините за смртта, а повеќе детали британските медиуми најавија за подоцна.