-->
-->
Во САД запленети 15 милиони лажни маски N95
-->
Американските цариници и граничната полиција од почетокот на пандемијата заплениле околу 15 милиони лажни маски N95, соопшти денеска Царинската служба на САД.
Конфискувани се небезбедни маски, како дел од акцијата за спречување на криминалците да ја искористат кризата за лична корист, јави Си-Би-Ес Њуз
Царината информира и за запленети околу 180.000 забранети тестови за Ковид и 38.000 забранети таблети од лекот Хлорокин, што се користи за маларија.
Царинските службеници и граничната полиција детално работат на откривање лажни маски N95 и хируршки маски, што не ги исполнуваат стандардите на американската Агенција за храна и лекови, се подвлекува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
