Во САД забележани знаци на летен Ковид-19 бран
САД се наоѓаат во уште еден задоцнет летен Ковид-19 бран, соопштија синоќа државните Центри за спречување на заболувања и превенција.
По околу шест, седум месеци умерен пад, работите започнуваат да одат нагоре, изјави за радиото Ем-Пи-Ар (Minesota public radio) д-р Брендан Џексон, одговорен за кризи поврзани со Ковид-19.
Количините на коронавирус детектиран во канализациските води, процентот на луѓе со позитивни тестови и бројот на оние кои бараат медицинска грижа поради симптоми на Ковид-19, сето ова започна да се зголемува во јули, рече тој.
Од ЦДЦ укажуваат дека хоспитализациите започнале да одат нагоре во изминатата недела, за првпат по многу време. Приемот во болниците на болни од Ковид-19 се зголемил за 10 отсто или 7,109 случаи во текот неделата што заврши на 15 јули, претходната недела тој број изнесувал 6,444.
Зголемените случаи варираат географски, вирусот изгледа најмногу се шири во југоисточниот дел на САД, а најмалку во средниот Запад.
Сепак, од ЦДЦ велат дека ако се споредат бројките со изминатите три лета, сегашните се многу пониски.
Повеќето од хоспитализациите се кај луѓе во измината возраст. Смртноста од Ковид-19 сè уште опаѓа, и ова лето стапката е најниска од моментот кга ЦДЦ започна да ја следи смртноста.
-Тоа може да се промени во следните недели ако хоспитализациите се зголемат, но не е неизбежно, рече Џексон.
Препораките за заштита се непроменети. Она што луѓето треба да го прават е да се охрабрува воведување опширен режим за носење маски, велат од ЦДЦ.
Ново на Сител
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“