Во САД за седум недели без работа останале 33 милиони луѓе

Во Соединетите Американски Држави минатата недела се пријавиле уште 3,2 милиони луѓе за добивање бенефиции за невработеност.
„Њујорк тајмс“ пишува дека со тоа вкупниот број луѓе кои останале без работа во изминатите седум недели надмина 33 милиони луѓе
Според извештајот на американското Министерство за труд, објавен денеска, бројот на неделни пријави за добивање надомест се намалува во однос на рекордното ниво од 6,9 милиони, што беше забележано кон крајот на март.
Економистите предвидуваат дека месечниот извештај на Министерството за труд за работните места, кој треба да биде објавен утре, ќе покаже дека стапката на невработеност во април го достигна нивото одвремето на Големата депресија од 15 проценти или дури и повеќе.
Тие велат дека е невозможно да се пресмета колку вработени ќе бидат вратени на работа кога државите ќе започнат со укинување на мерките за социјално дистанцирање.
Ново на Сител
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
