Во САД повеќе од 2.200 починати и над 200.000 заразени од Ковид-19 за еден ден
САД во изминатите 24 часа регистрираа повеќе од 2.200 смртни случаи од коронавирус, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.
За едно деноноќие, пријавени се 2.239 смртни случаи и 200.146 нови случаи, што претставува нов рекорд.
Вкупно има 11,7 милиони заразени и повеќе од 252.000 починати во САД.
Властите ги повикаа граѓаните на САД следната недела, за Денот на благодарноста, да не патуваат поради ширењето на вирусот.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусам нареди воведување т.н. полициски час од утре во поголемиот дел од таа американска сојузна држава, по зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус.
Наредбата, која ќе биде во сила еден месец, го ограничува бројот на луѓе на домашни собири и активности надвор од домот.
Полицискиот час ќе трае од 22 до 5 часот наутро, а новите мерки ќе опфатат 94 отсто од жителите на Калифорнија, пренесува Си Ен Ен.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ