Во САД почина кавадарчанец од Ковид-19, позитивни се и неговата сопруга и ќерка

Кавадарчанецот Пепи Тодорчев, кој со семејството долги наназад живееше во Чикаго, САД, пред два дена починал од корона вирус, а негови пријатели започнаа донаторска акција, со цел финансиски да се помогне на неговите најблиски. Тодорчев (58) зад себе ја остави сопругата и три деца. Негови блиски од Кавадарци за ,,Фокус” откриваат дека и сопругата, како и едно од децата исто така се позитивни на вирусот.
Во тек е донаторска акција, со цел финансиски да се помогне на неговите најблиски.
Собраните средства ќе и помогнат на фамилијата на Пепи да ги покрие погребалните трошоци, медицински трошоци, кирија, храна и месечни сметки, бидејќи тој беше единствениот вработен во семејството.
До денес, собрани се над 40.000 долари, а крајна цел на донаторската акција е сумата од 75.000 долари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
