Во САД почина дисидентот Фетулах Ѓулен, кој во Анкара беше обвинет за неуспешниот пуч од 2016 година
Турскиот муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, за кого официјална Анкара тврди дека стои зад неуспешниот пуч во 2016 година, почина на 83-годишна возраст во Соединетите Американски Држави каде што живееше во доброволен егзил, објавија денеска турските медиуми.
Ѓулен изгради моќно исламско движење внатре и надвор од Турција, но последните години ги помина во егзил обвинет за организирање обид за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, иако тој ги негираше обвиненијата.
Херкул, сајт кој ги објавува проповедите на Ѓулен, на својот Х профил објави дека Ѓулен починал во неделата вечерта во болницата каде што бил на лекување.
Фетулах Ѓулен некогаш беше сојузник на Ердоган, но подоцна се разидоа, а Ердоган го сметаше за одговорен за обидот за државен удар во 2016 година во кој бунтовничките турски војници ја презедоа контролата врз авионите на турските воздухопловни сили, оклопните и хеликоптерски единици. Во тој неуспешен обид за преземање на власта, загинаа околу 250 луѓе, а Ѓулен живееше во самопрогон во САД од 1999 година.
Ново на Сител
-
Со секира ги нападнал родителите, таткото починал - приведен маж од кичевско
-
Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот
-
Трамп: Ќе ја зголемам трговијата и со Индија и со Пакистан
-
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Макрон за предлогот на Путин: На безусловен прекин на огнот не му претходат преговори
-
Трамп за повикот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина
-
Министерот Муцунски во работна посета на Шведска
-
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје