Во САД осуден Албанец за планирање терористички напади
Федералниот суд во Мисула, Монтана му изрекол казна затвор, во траење од четири години и девет месеци на Фабјан Аламети (21) за планирање терористички напади.
- Младиот Албанец кој живеел во Њујорк, претходно се изјаснил за виновен за давање лажна изјава во Федералното биро за истраги, кога го прашале за неговите аспирации да се прклучи во терористичката организација ИД,како и планот за одмазда по нападот врз џамија во Нов Зеланд,пренесува телевизијата Ора њуз.
Правосудните власти Аламети за првпат го испрашувале во 2018 година. Подоцна објавил статии на социјалните мрежи за поддршка на ИД.
Обвинителите тврдат дека тој патувал со автобус кон Монтана на 15 март кога вооружен напаѓач убил 50 лица во џамија во Крајстчрч, Нов Зеланд.
- Аламети комуницирал преку Интернет со лице за кое не бил свесен дека е информатор. Тој го открил неговиот план за терористички напад во знак на одмазда, како и за неговите планови да изврши напад врз воен објект во САД,наведува телевизијата.
Бил уапсен на 3 април на стрелиште во државата Монтана.
Пред десетина дена албанскиот емигрант Сајмир Алимехмети (26), кој поседувал и државјанство на САД бил осуден на 22 години затвор, откако го признал обвинението за тероризам.
Ново на Сител
-
Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајна несреќа на магистралата Кичево-Гостивар
-
Младинскиот ракометен тим на „Еурофарм Пелистер“ се пласира на финалниот турнир во Келн
-
Сончево и топло со локална облачност
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците