Во САД евакуација поради пожари во Калифорнија и Невада
Пожарите кои беснеат во северна Калифорнија ги натераа властите во Невада да ги евакуираат луѓето што живеат во пограничната област, од каде се гледаат пламени на врвовите на блиските планини.
Огнениот бран, кој беше создаден со спојување на два пожара од различни насоки, сега е насочен кон областа северо-источно од шумскиот регион на Сиера Невада и не губи по интензитет, јавија локалните медиуми.
Во овој дел на Америка во текот на целиот викенд се очекуваат високи температури, а целиот регион е во зона на висок воздушен притисок.
Во Националниот парк Долина на смртта во Калифорнија вчера беше регистрирана неверојатна температура од 54,4 степени Целзиусови, а познато е дека највисоката досега потврдена температура на воздухот на Земјата била 56,6 степени Целзиусови и била измерена во 1913 година во пустинската област Ферненс Крик.
Во Калифорнија издадени се наредби за евакуација или предупредувања за стотици населени места и неколку кампови, како и наредба за затворање на повеќе од 518 квадратни километри од националниот парк Плумас.
Жешкиот воздух формира огромен облак пирокумулус, кој се издига во висина од стотици метри и создава сопствени молњи, потврди синоќа претставничката на локалните власти Лиза Кок.
Скоро илјада пожарникари добија помош од воздух, но се очекува пламените да продолжат да се шират поради топлината и ниската влажност.
– Воздухот е толку сув што дел од водата што ја испуштаа канадерите испари дури и пред да стигне до земјата, рече Лиса Кок.
Ново на Сител
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година
-
Русија ќе се брани со нуклеарно оружје доколку е цел на ракетен напад, Путин потпиша декрет
-
Диди потплатил сведок, најдени лични белешки
-
Гардијан: Украина одбележува 1000 дена од руската инвазија и почетокот на војната
-
Три лица убиени во напад со нож на Менхетен
-
Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга
-
Зеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина