-->
-->
Во сабота ќе се одржи првиот ракометен куп „Кирил Лазаров 7“
-->
Овој викенд во Делчево ќе се одржи првиот ракометен куп „Кирил Лазаров “ на кој ќе настапат три екипи од источниот регион што се дел од Школата за ракомет на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров. Како што информираше Драган Пешовски, тренер на екипата од Делчево, на турнирот силите ќе ги одмерат околу 100 дечиња.
-За прв пат од формирањето на Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ се организира ракометен куп за екипи од Источна Македонија, на кој во машка и женска конкуренција ќе се натпреваруваат екипи од Свети Николе, Чешиново – Облешево и Делчево. Покрај натпреварувачкиот дел, турнирот ќе биде одлична можност младите ракометари да се запознаат, но и да стекнат нови искуства од своите врсници, информира Пешовски.
Пешовски додава дека поради големиот број на ракометари кои ќе учествуваат на турнирот, натпревартите ќе се играат во двете спортски сали во Делчево, при што повозрасните ракометари натпреварите ќе ги играат во спортската сала на делчевската гимназија додека помалите ракометари своите натпревари ќе ги играат во малата спортска сала при општинското основно училиште Св.Климент Охридски од Делчево.
Првите натпревари во рамки на првиот „Кирил Лазаров 7“ куп се закажани за во 10 часот, додека финалето ќе се игра со почеток во 12 часот и 30 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата