Свет
29. December 2016 - 14:30

Во Русија уапсени седум терористи, подготвувале напад за Нова Година

Руските безбедносни сили уапсија седум лица, осомничени за подготовка на терористички напади во Москва за Нова Година. Терористите добиле таква наредба од Исламска држава во Сирија.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави денеска дека нејзини агенти ги уапсиле осомничените во автономната република Дагестан, во северен Кавказ.

Се наведува дека осомничените подготвувале напади на места со многу луѓе со автоматско оружје и експлозив.