Свет
5. February 2021 - 9:37

Во Русија се разгледува закон кој на полицијата и овозможува пристап до геолокацијата на граѓаните

Русија повторно разгледува нацрт-закон што ќе им овозможи на безбедносните сили без судски налог да пристапат до локациите на жителите преку нивните мобилни телефон.

Илјадници демонстранти беа уапсени на протестите во текот на два викенда, а над 1.000 беа приведени во Москва во вторникот, откако судот го осуди опозицискиот лидер Алексеј Навални, на 32 месеци затвор за кршење на условна казна.

Законот првпат бил претставен пред Парламентот во 2019 година, а сега го доработува Министерството за дигитален развој, пренесува Хина. Во предлог-законот се вели дека има за цел полесно да ги пронајде луѓето по кои се трага. Министерството за дигитален развој сè уште нема одговорено на прашањето дали враќањето на нацрт-законот е поврзано со протестите.

Илјадници демонстранти беа уапсени на протестите во текот на два викенда, а над 1.000 беа приведени во Москва во вторникот, откако судот го осуди опозицискиот лидер Алексеј Навални, на 32 месеци затвор за кршење на условна казна.

Во предлог законот се вели дека за пристап до содржината на пораките на мобилниот телефон ќе треба судски налог или дозвола од граѓаните, но не и за локација која би ја јавила телекомуникациската компанија. Министерството за дигитален развој смета дека со тоа не се нарушува приватноста.

– Мерката е во согласност со законите за приватни податоци затоа што геолокациите не се лични податоци, рече Олег Иванов, заменик министер за дигитален развој.

Доколку законот помине, безбедносните сили лесно ќе можат да добијат информации со кого било одредено лице, во кое време и колку долго, изјави Артем Козјук, шеф на Роскомсвобода, страница што го следи нивото на слобода на Интернет во Русија.

– Исто така, се создава ризик податоците од жителите да протечат на црниот пазар, додаде тој.

Активистите за човекови права предупредуваат дека руските власти користат камери за препознавање лица во борбата против протестите за ослободување на Навални. Москва, со 105.000 камери, има еден од најнапредните системи за надзор во светот.

Властите тврдат дека неговата цел е да се бори против криминалот и кршењето на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот. Активистите сметаат дека камерите се користат за следење на протестите и оти нејасните правила дозволуваат злоупотреба на системот.