-->
-->
Во РС забрането одбележување на Денот на државноста на БиХ
-->
Полицијата на Република Српска забрани собири и одбележување на 25 ноември – Ден на државноста на Босна и Херцеговина.
Според полицијата во Бања Лука и Мркониќ одбележувањето е забрането поради закана по безбедноста и јавниот ред и мир.
На 25 ноември 1943 година во Мркониќ се одржа првата седница на Националниот антифашистички совет на БиХ, на која беше објавено формирањето на БиХ како рамноправна федерална единица во рамките на новата Југославија.
Затоа 25 ноември во 1992 година е прогласен за државен празник во БиХ. Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, постојано повикува на отцепување на Република Српска од БиХ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пропадна предлогот за минималец од 600 евра, функционерските плати ќе останат исти
-

Уставен пресече - пензиите на пензионерите во странство не може да растат како оние на македонските пензионери
-

Од 1 март плаќање онлајн само со двојна верификација
-

„Нет без хејт“
-

Ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Се намалуваат коефициентите за пресметка на функционерските плати
-

Совет на јавни обвинители: Не е во ред Филков да ги прозива судиите и обвинителите со име и презиме
-

СДСМ: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено
