Балкан
3. March 2022 - 11:04

Во Романија се урнаа „миг“ и воен хеликоптер, загинаа осум лица

Вкупно осум лица загинаа во одвоени несреќи на романски борбен авион МиГ 21 и воен хеликоптер, соопшти денеска романското Министерство за одбрана.

Загинале пилотот на романскиот воен Миг 21 и седумчлен хеликоптерски екипаж испратен да го пронајде во мисија за пребарување и спасување, кога нивните летала се урнале во одделни несреќи доцна синоќа, соопшти Министерството.

Миг бил во воздушна патрола кога исчезнал од радарите во источна Романија помеѓу селата Когеалац и Гура Доброгеи. Министерството соопшти дека пилотот на хеликоптерот IAR 330-Puma кој испратен да го пронајде пријавил неповолни временски услови и бил повикан назад во базата пред и тој да се урне.

Романија, членка на Европската унија и НАТО, планира постепено да ги укине руските борбени авиони Миг и целосно да се префрли на американскиот Ф-16.