Македонија
31. October 2019 - 11:28

Во Ресен одбележани 100 години од раѓањето на народниот херој Мите Богоевски

 
Општина Ресен и ОУ „Мите Богоевски“ ја одбележаа стогодишнината од раѓањето на  народниот херој Мите Богоевски.
 
Мите Богоевски е роден на 31 октомври 1919 година во ресенското село Болно, а за народен херој е прогласен на Илинден во 1949 година.
 
– Денот на раѓањето на народниот херој, револуционер и поет Мите Богоевски секоја година се слави и како патронен празник на истоименото основно училиште во Ресен. Ова е ден кога се потсетуваме на големото дело, а воедно ги претставуваме постигнувањата на учениците и наставниците во ОУ „Мите Богоевски“ кои се гордеат со својот патрон, рече меѓу другото градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски.
 
Според востановената традиција, градоначалникот и делегации на Општина Ресен на денот на патронот положија цвеќе пред спомен бистата на Мите Богоевски, а учениците приредија уметничка програма и потсетија на дел од песните на Богоевски како што се „Покрај река“, „Спроти Илинден“, „Стојанка млада партизанка“ и други.
 
Македонскиот револуционер Мите Богоевски загина на 12 септември 1942 година во родното село Болно, заедно со народниот херој од Битола, Стив Наумов

Ново на Сител